Првото место го зазеде италијанскиот регион Кампанија, каде што, според Taste Atlas, задолжително треба да се пробаат пица Наполитана и Маргарита, како и познатата моцарела.
На второ место се најде грчкиот Пелопонез, познат по своето маслиново масло, додека третата позиција ѝ припаѓа на Емилија Ромања, исто така во Италија, каде што се издвојуваат пармезанот и рагутo Болonjeзе.
Меѓу најдобрите 100 региони се најдоа и два од Србија:
🔸 17. место – Јужна и Источна Србија (оцена 4.30)
🔸 46. место – Златиборски округ (оцена 4.19)
За јужна и источна Србија Taste Atlas препорачува да се пробаат: лесковачкиот роштиљ, муќкалицата, пироцкиот кашкавал, лесковачкиот воз, пегланата пироцка колбасица, кавурмата, сирот од Мироц, белмужот од Сврљиг и домашниот ајвар.
Златиборскиот округ пак е препознатлив по специјалитети како: комплет лепиња, сјенички сир, златарски сир, ариљска малина, златиборска пршута и ужичка пршута.
Целата листа на 100 најдобри гастрономски региони во светот е достапна на официјалната страна на Taste Atlas.