„Tasks“: Новата функција на ChatGPT која ќе ви го промени начинот на управување со времето!

OpenAI ја претстави новата функција „Tasks“ за ChatGPT, која на корисниците им овозможува планирање задачи и потсетници, претворајќи го ChatGPT во личен дигитален асистент сличен на Siri или Alexa.

Употреба на „Tasks“ за полесно управување со задачи

Со оваа иновација, OpenAI продолжува да ги поместува границите на вештачката интелигенција, овозможувајќи корисниците да креираат и управуваат со задачи и потсетници. „Tasks“ нуди персонализирана поддршка во организацијата на времето и обврските, трансформирајќи го ChatGPT во незаменлив партнер за ефикасно извршување на дневните активности.

Функцијата овозможува креирање на еднократни и повторувачки задачи, како на пример:

  • Дневни извештаи за времето
  • Потсетници за важни датуми
  • Деловни обврски

ChatGPT, благодарение на оваа функција, нуди и проактивни предлози базирани на претходните разговори, кои корисникот може да ги прифати или одбие, со што дополнително се подобрува персонализацијата на услугата, пренесува TechRadar.

Достапност во бета верзија за претплатниците

Моментално, „Tasks“ е достапна во бета верзија само за корисниците на Plus, Team и Pro претплатничките пакети. Постои ограничување од десет активни задачи истовремено, а управувањето со задачите е возможно преку веб интерфејс. Потсетувањата се достапни на веб, десктоп и мобилни уреди, што ја прави оваа функција значајно подобрување во корисничкото искуство.

Со воведувањето на „Tasks“, ChatGPT добива нова димензија на ефикасност, пружајќи им на корисниците моќен и практичен начин за управување со времето и секојдневните обврски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни