Таравари: Четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција се враќаат во земјава, а 23 се третираат во домашните болници

Министерот за здравство, Арбен Таравари, информираше на денешната прес-конференција дека четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција се враќаат денеска, а првите 24 часа ќе бидат сместени во Клинички центри.

„Вчера се вратија еден пациент од Србија и еден од Бугарија. Бројката на пациенти кои се лекуваат во странство моментално изнесува 113, а со овие пет што ги очекуваме денеска, ќе падне на 108. Трендот на пациенти кои се подготвуваат за враќање расте“, изјави Таравари.

Во домашните болници се лекуваат 23 пациенти, од кои четворица се сместени во Клинички центар, по двајца на Пластична и реконструктивна хирургија и двајца на Токсикологија. Во стара Градска болница се шест пациенти, додека во болницата „8 Септември“ се девет пациенти, од кои еден ќе биде испишан денес. Во болницата „Систина“ се четворица пациенти. Сите се во стабилна и добра здравствена состојба, нагласи министерот за здравство.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни