Според официјалните информации кои ги сподели министерот за здравство Арбен таравари, сите пациенти се згрижени, сите се во стабилна релативно добра состојба.
-На хируршки клиники тука се 25 моментално пациенти, во Градска хирургија 24, во болницата „8ми септември“ 24, во Штип 31 и во Кочани 13. Вкупно се 117 пациенти. Надвор од државата се испратени 13 пациенти за лекување. Не очекуваме да има некакви компликации за тие што ја преживеаа оваа трагична ситуација. Критични беа 20 пациенти. Можеби може да се рече дека бројката сега е малку поголема, затоа и се потрудивме неколку од пациентите да заминат во Солун, Белград, Турција, Софија. Се надевам дека таму ќе бидат третирани, имаат специјални центри за тоа. Другите остануваат тука. Во план е уште да се испраќаат надвор од државата за лекување, меѓутоа досега 13 се испратени – изјави Таравари.