Танец на Галичка свадба

Викендов Танец ќе биде дел од традиционаланта Галичка свадба.

„На 13 и 14 јули, играорките и играорците на Танец, придружувани од познатата зурлаџиска тајфа Мајовци, ќе ги изведат антологиските ора “Невестинско”, Тешкото” и “Манукот”, ора без кои е незамислива оваа најпрочуена традиционална свадбена манифестација во регионот“ најавуваат од Танец.

Институционален покровител на „Галичка свадба“ е претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова. Еден од традиционалните поддржувачи на манифестацијата и годинава е Министерството за култура и туризам.

Галичката свадба за прв пат е одржана во далечната 1963 година, а досега настанот имал вкупно 50 изданија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни