Search

Tанцовиот перформанс “Ехо на вечноста“ на сцена на Битолски Народен Театар

На 8 ми јуни во 20 часот на Новата сцена на Битолскиот Народен Театар ќе биде изведен танцовиот перформанс „Ехо на вечноста“ со кореографија на Ангела Петровска.

„Со танцот ќе отпатувате низ времето преку нотите и движењата на современиот танц. Сè што правиме сега, одекнува во вечноста. Секој чекор што го правиме може да влијае на генерациите. Дејствата, уметноста, движењата и зборовите на личноста имаат трајно и длабоко влијание кое резонира низ времето и се памети долго откако ќе заврши претставата. Сакаме да танцуваме затоа што тоа сме ние“ , се вели во најавата за претставата.

Во овој перформанс ќе учествуваат Ангела Петровска, Сања Лазаревска, Екатерина Мицевска, Валерија Костовска, Глориа Петковска и Анастасија Јовановска.

Најново

Последни колумни