Бела Ноќ на европската култура

„Танцот на Фотоните“- изложба на дела од работилниците за алтернативни фотографски процеси во организација на Зрно фестивалот

Ретка можност за вистинските вљубеници во автентичната фотографска уметност да научат нешто од авторитети со светско реноме. Веројатно до сега во Македонија ( а и пошироко) не се случило да бидат во исто време и место такви имиња

Во сабота, на 5-ти Октомври, во склоп на Белата Ноќ на европската култура, во КИЦ-Скопје, ќе се отвори „Танцот на Фотоните“- изложба на дела кои настанаа летово на работилниците за алтернативни фотографски процеси, во село Смилево, во организација на Зрно фестивалот.


Гости ментори ќе бидат едни од најголемите експерти во глобални рамки за соодветните постапки кои ќе ги споделуваат со учесници од цела Европа. Ретка можност за вистинските вљубеници во автентичната фотографска уметност да научат нешто од авторитети со светско реноме. Веројатно до сега во Македонија ( а и пошироко) не се случило да бидат во исто време и место такви имиња. Ментори на Зрно оваа година ќе бea:

Миша Кескеновиќ, Сежана, Словенија, врвен авторитет за многу благородни фотографски постапки, годинава беше ментор на работилница за нова цијанотипија, со негови хемиски рецептури

Михаел Лаубш, Виена, Австрија, ја водeше работилницата за течна фотографска емулзија, на различни материјали (дрво, камен, платно…)

Ивана Томановиќ, Белград, Србија. Традиционално задолжена за класичната црно- бела лабораторија

Стиг Марлон Вестон, Осло, Норвешка, – работилница за еко-лумент принтови

Мокар колодоум – темната уметност, под водство на Предраг Узелац, Нови Сад, Србија.

Дамиан Диаконеску, Темишвар, Романија, без сомнеж најмагичниот и најдобриот непознат автор во Европа, водеше работилници за гумотипија и Ван Дајк фотографија, и Емилија Сандиќ и Стефан Стефановски, студенти по фотографија на академијата во Нови Сад и дел од тимот на Зрно, ја водеа работилницата за креативни игри во класичната темна комора.


На работилниците имаше повеќе пријавени од странство отколку домашни учесници што е своевиден куриозитет, иако, за наши луѓе Зрно нуди посебни, повластени услови, а тоа го прави за да ја зајакне домашната фотографска сцена (затоа што нема кој друг).

Иако до сега поддршката на Зрно од стана на министерството за култура беше понижувачка, Зрно успеа да опстои и во такви услови. Веруваме дека таквата пракс веќе нема да биде случај во иднина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни