Истражувачите во Беркли испитале 30 тампони од 14 различни брендови што се продаваат во САД, Велика Британија и Грција и откриле ограничени количини на олово во сите видови на тампони. Направени се тестови за 16 видови метали: арсен, бариум, калциум, кадмиум, кобалт, хром, бакар, железо, манган, жива, никел, олово, селен, стронциум и ванадиум.

Најдени се мерливи концентрации на сите 16 проценети метали и откриени се концентрации на неколку токсични метали, вклучително и покачени средни концентрации на олово (GM = 120 ng/g), кадмиум (GM = 6,74 ng/g) и арсен (GM = 2,56 ng/g). Концентрациите на металите се разликуваа по регионите на набавка на тампон (САД наспроти Европската унија/Обединето Кралство) и по материјалот од кој се изработени (органски наспроти неоргански материјал). Притоа, концентрациите на олово биле повисоки кај неорганските тампони додека концентрациите на арсенот биле поголеми кај органските тампони. Ниту една категорија која била испитана немала постојано пониски концентрации на сите или повеќето метали.
За оваа студија биле избрание различни производи за тампони за еднократна употреба, од повеќе производители, брендови, производни и генерално биле избрани производи кои бил наведени како топ-производи на големи онлајн продавници и трговец на мало, како и производи со „марка на продавница“од неколку големи синџири на мало во САД. Тампоните за истражувањето се купени помеѓу септември 2022 и март 2023 година во САД (Њу Јорк), Европската Унија (ЕУ: Атина, Грција) и Обединетото Кралство (Велика Британија: Лондон, Англија).
Истражувачите избраа да не ги именуваат брендовите на тампоните бидејќи сакаат луѓето да се фокусираат на фактот дека 100% од примероците имаат токсични метали.

Во заклучокот од студијата стои дека 12 од 16 метали биле присутни во сите тестирани тампони.
Овие наоди се загрижувачки бидејќи кожата на вагината има поголем потенцијал за апсорпција на хемикалии во крвотокот отколку кожата во другите делови од телото, велат истражувачите. Употребата на тампон според тоа е потенцијален извор на изложеност на метали кај жените со менструација.
Но, оваа студија не дава доволно информации за дефинитивно да се поврзат металите со негативните здравствени ефекти. Затоа се потребни многу повеќе студии за да се утврди до кој степен таквите метали би можеле да се апсорбираат во телото на жената.
Потребни се идни истражувања за да се реплицираат овие наоди и да се утврди дали металите можат да се исцедат од тампоните и да го преминат вагиналниот епител во системската циркулација.