Тамара Стојаноска во четирите финалисти за наградата „Слави Шкаров 2025“ во Бугарија

Селекторка на конкурсот оваа година е театарологот Деница Езекиева, која одлучи седмото негово издание да помине под мотото „Нарцис и Ехо“.

„Главни критериуми при изборот беа пред сè естетските квалитети на предлозите, аргументацијата при изборот на текстот, оригиналноста на режисерската концепција и желбата за самостоен и авторски сценски израз. Верувам дека избраните режисери ќе се осмелат да ги реализираат високите задачи што ги поставуваат нивните концепти“ – рече селекторката Деница Езекиева.

„Концепциите претставија една интересна слика – составена од многу елементи – митолошка приказна, идеи за развој на улоги, уметнички тези, политички размисли.“ додаде селекторката.

Освен од Македонија, учествуваат и двајца млади режисери од Република Бугарија и еден кандидат од Романија. Четворицата се номинирани да се натпреваруваат во финалната фаза, која ќе се одржи во Русе од 16 до 21 јуни.

Во текот на тие пет дена, избраните режисери ќе имаат можност да работат со актери од ансамблот на театарот во Русе и на крај да ги претстават своите подготвени извадоци пред публика.
Победникот, определен од жирито, ќе добие можност да го доразвие прикажаното и да го претвори во целосна претстава во Драмскиот театар „Сава Огненов“ – велат од Драмскиот театар во Русе Р. Бугарија.

Тамара Стојаноска ќе поставува извадок од романот „Срце од ајкула“ според романот на Емили Хабек.

“Инаку, Тамара во независниот театар „Златен Елец“ Скопје, ги постави „Грета“, „Разнесени“, „Кенди“, „Пингвинот“ и „Хинкеман“ кои донесоа голем успех освојувајќи награди во Македонија и пошироко, а претставите се сеуште активни.” – велат од Театар „Златен Елец“ Скопје.

Овој конкурс традиционално се одржува во чест на еден од најталентираните театарски режисери на минатиот век – Слави Шкаров, кој повеќе од 20 години творел во Република Бугарија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни