Тамара Котевска е наша млада, позната режисерка која случајно ја сретнавме низ скопските улици. Има 29 години и ја има потпишано режијата на документарниот филм “Медена земја“, номиниран за Оскар.
„Сонувам мојата држава да има најдобра филмска индустрија. Се смеам на смешни нешта, а денеска искрено се насмеав со вашиот нов, убав проект Трн, особено што имате рубрика во која ние граѓаните можеме со насмевка да донесеме ведрина на вашите читатели“- изјави Тамара за рубриката „Насмевни се“.