Тамара Котевска со нов филм на Филмскиот фестивал во Венеција 2025

По светскиот успех на „Медена земја“, која освои три награди на фестивалот „Санденс“ и доби две номинации за Оскар, како и по интернационалното признание на документарецот **„Патување пеш“ („The Walk“) **, македонската режисерка Тамара Котевска се враќа на голема врата со ново остварување.

Нејзиниот најнов филм, **„Силјан“ („The Tale of Silyan“) **, ќе ја има својата светска премиера на престижниот Филмски фестивал во Венеција 2025, каде е вклучен во официјалната селекција „Out of Competition“, сподели Министерството за култура во објава на Фејсбук.

Котевска е и режисерка и продуцентка на филмот, кој е реализиран во копродукција со американската компанија „Конкордија“ (Concordia) и британската „Корнершоп“ (The Cornershop). Во продукцискиот тим се вклучени и Жан Дакар (Jean Dakar) и Јорданчо Петковски, со кого Котевска веќе соработува на нејзиниот прв долгометражен филм „Човек против јато“.

Со „Силјан“, Котевска уште еднаш го потврдува својот меѓународен статус и посветеноста на раскажување автентични приказни со силна уметничка визија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни