Македонската режисерка Тамара Котевска присуствуваше на затворен ВИП ручек и специјална дискусија посветена на филмот One Battle After Another, заедно со холивудските актери Леонардо Ди Каприо, Бенисио Дел Торо, Тијана Тејлор и Регина Хал.
Како член на Академијата за филмска уметност и наука, Котевска беше единствениот претставник од областа на документарниот филм меѓу поканетите гласачи. Нејзиното присуство доаѓа во година кога нејзиниот најнов филм The Tale of Silyan (Силјан) е активен учесник во оскаровската трка.
Извор: Портрет Магазин
