Ова е прва ваква забрана на интернетот откако Талибанците ја преземаа власта во 2021 година.
Забраната се однесува на пет провинции – Кундус, Бадахшан, Баглан, Тахар и Балх – кои опфаќаат главни населени места на северот на земјата. Ограничувањето важи за сите интернет-врски преку оптички кабли, додека мобилниот интернет ќе остане достапен, соопштија локалните власти.
„Оваа мерка е преземена за да се спречат неморални активности“, се наведува во соопштението, со додаток дека ќе биде обезбедена алтернатива за основни потреби.
Поранешниот американски амбасадор во Авганистан, Залме Халилзад, ја оцени забраната како апсурдна. „Ако вистинската загриженост е порно материјалот, како во многу исламски земји, тоа лесно може да се блокира со филтри. Многу исламски држави токму тоа го прават“, рече Халилзад.
Извор: Index.hr