Во текот на денот се отвори регистрацијата за 2.000 квалификувани професионалци во области како што се угостителство, кулинарство и инженерство, кои ќе одат во Катар во рамките на новата програма.
Кандидатите од 34-те провинции во Авганистан треба да ги достават своите работни искуства и квалификации пред да се процени дали исполнуваат услови.
Таквата одлука е донесена по присилното враќање на најмалку милион Авганистанци од соседните земји, првенствено Иран и Пакистан, додека во земјата се уште има значителни економски и хуманитарни тешкотии.
Хуманитарните организации предупредија на притисок врз локалните услуги, како и на драматично намален проток на пари што влегуваат во земјата во форма на дознаки од луѓе што работат во странство.
Вршителот на должноста министер за труд Абдул Манан Омари ја опиша програмата за извоз на работна сила како „значаен и фундаментален чекор“.