Талибанците им забранија на жените да пеат или читаат во јавност

Талибанските власти во Авганистан и официјално ги донесоа низата на закони поврзани со моралноста, со кои се бара од жените да ги покриваат лицата, мажите да носат бради, но се забранува и слушање на музика во автомобил.
Фото: Arnesen, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Новите закони, промовирани како дел од исламистичкото шеријатско право ќе бидат имплеменирани од министерството за моралност, се базирани на декрет на талибанскиот врховен духовен лидер од 2022 година. Сега тие се пресликани во закон.

Согласно новите правила, жените треба да бидат покриени пред сите мажи, вклучително и Муслимани, како и пред сите немуслимани, со цел да не бидат корумпирани. Женските глас се смета за интимен и не треба да се слуша како пее, рецитира или чита гласно во јавност. Забрането е за жените да гледаат во мажи со кои не се роднини или во брак и обратно.

Министерството за морал, официјално наречено Министерство за превенција на пороци и пропагирање на доблест, веќе спроведува слични барања и има приведено илјадници луѓе поради непочитување на моралот.

Со законот се забранува и пуштањето на музика во автомобил, превезувањето на сами жени или мешање на мажи и жени кои не се роднини или во брак. Законот исто така ги приморува патниците и шоферите дека мора да застанат да се молат во одреденото време за молитва.

Фото: 后生/Flickr

Рестрикциите на правата и слободите на жените под талибанско водство трпат силни критики од групите за заштита на правата, како и од многу западни власти.

„Ден по ден, тие се обидуваат да ги избришат жените од општеството“ вели 37-годишна домаќинка од Кабул. „Молкот на меѓународната заедница во врска со активностите на Талибанците ги охрабрува да креираат нови закони и рестрикции секој ден“ додава жената, која за Ројтерс се претставила само како Халема.

Талибанците велат дека тие ги почитуваат правата на жените во согласност со интерпретацијата на исламското право и локоалните традиции и дека тоа се внатрешни работи на државата, за кои не може да се меша меѓународната заедница.

„Согласно законот, Министерството е должно да промовира добро и да го забранува лошото во согласност со шеријатското право“ се вели во соопштението на министерството за правда во врска со новите закони.

Со новите барања жените се приморани да носат облека што целосно ќе ги покрива нивните тела и лица и им забранува на мажите да се бричат, како и да прескокнуваат молитви и религиски постови.

Казните за прекршувања на овие правила вклучуваат совети, предупредувања за божја казна, вербални закани, конфискација на имот, притвор од еден час до три дена и други казни кои би биле пригодни за прекршокот, велат од министерството за правда.

Во соопштението се додава дека доколку ваквите мерки не се доволни за да ги поправат однесувањето на поединците, тогаш ќе се обратат до суд за построги казни.

„Многу од овие правила веќе постоеја, но беа помалку формални. Сега се формализираат и мислам дека тоа е знак дека тоа што го гледавме изминатите три години е постепена ескалација на притисокот врз општеството“ вели Хедер Бар, помошник директорка на дивизијата за женски права на Human Rights Watch.

Со законот се забранува на возачите да превезуваат жени машка придружба, а од медиумите се бара да се придржуваат до шариа правото и се забранува публикување на слики со живи суштества.

Претставници на Министерството за морал ги надгледуваа Авганистанците низ целата земја за наводни прекршоци во последните три години. Министерството објави оваа недела дека во изминатата година привело над 13.000 луѓе, иако не ги разјасни наводните прекршоци или полот на уапсените. Се вели дека околу половина од притворите биле задржани до 24 часа.

Талибанците го суспендираа претходниот устав на Авганистан кога ја презедоа власта во 2021 година, по повлекувањето на западните сили од земјата. Тие рекоа дека ќе управуваат со земјата според шеријатскиот закон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни