Тајно снимал политички противник со маж, а потоа го уценувал

Градоначалникот на Сент Етјен, Гаел Пердрио (53), ќе мора да оди во затвор

Пердрио беше осуден во аферата „секс снимка“ на четири години затвор и една година условна казна, што предизвика голем јавен интерес. Судот му изрече и петгодишна забрана за избор. Исто така, беше казнет со 50.000 евра. Претседателот на судот, при изрекувањето на казната, истакна дека избраните претставници на народот мора да дадат пример.

Првиот човек на Сент Етјен ќе оди во затвор, како што неодамна беше случајот со поранешниот претседател Никола Саркози, без оглед на жалбата што ќе ја поднесе. Се очекува наскоро да почне да ја отслужува казната.

Гаел Пердрио беше прогласен за виновен во првостепената постапка за уцена на својот противник на изборите со интимни видеа. По одлуката на судот, тој беше видливо депресивен.

„Јас сум целосно невин за она за што ме обвинуваат. Оваа одлука е крајно неразбирлива. Ги замолив моите адвокати да поднесат жалба за она што го сметам за неверојатна неправда“, рече Пердрио пред новинарите.

Злосторството за кое беше казнет е извршено на почетокот на 2015 година, кога организирал снимка против својот поранешен прв помошник Жил Артиг, против негово знаење, со човек сово хотелска соба. Артиг е познат по своите силни религиозни ставови и се спротивставувал на истополовите бракови. Под закана дека снимката ќе биде објавена, тој бил принуден да се „смири“ во политичката борба.

„Ми олеснав. Заврши една фаза. Судот ги зеде предвид фактите и изрече казни кои се еднакви на она што го доживеавме јас и моето семејство“, рече Артиг по пресудата.

За време на истрагата, три лица од кругот на градоначалникот признаа дека учествувале во оваа завера.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни