СИНКОПАТ во режија на Пол Диглер прогласен за најдобар краток филм “Данчо Чеврески” на фестивалот „Ѕирни“.

Поради уникатниот пристап во раскажување на приказна која ја отсликува современоста на секојдневното живеење и необичните обиди за справување со очајот како последица од непрестајниот технолошки разво

Филмот СИНКОПАТ во режија на Пол Диглер од Шпанија ја доби наградата за најдобар краток филм “Данчо Чеврески” на фестивалот „Ѕирни“.

„Поради уникатниот пристап во раскажување на приказна која ја отсликува современоста на секојдневното живеење и необичните обиди за справување со очајот како последица од непрестајниот технолошки развој“ стои во образложението на жири комисијата.

Специјално признание за режија му е доделена на Ѓорче Ставревски за филмот “Дали си маж?”

 „Филмот храбро се нурнува во деликатните теми од нашето поднебје преку прецизниот филмски јазик, режисерот не соочува со стереотипите и прашањето за родовата сензибилност која навидум сме ја надминале како општество“ пишува во образложението.

За уверливоста во портетирањето на тинејџерка која стои пред големите одлуки, одиграно со леснотија и зрелост, специјално признание за актерско остварување и се додели на Јана Никодиновска за улогата во филмот “Шега” во режија на Трифун Ситниковски

Поради зрелиот и храбар режисерски пристап кон темата која филмот ја обработува, од која сите бегаме и големата умешност во прикажување на истиот, имајќи ги на ум предизвиците со кои младите режисери во нашата земја се соочуваат при реализација на нивната идеја во реалност, наградата за најдобар студенстки филм и се додели на Тина Величковиќ за филмот „Тага“.

Филм со највеќе гласови од публиката е краткиот филм МАЛА ШЕГА во режија на Трифун Ситниковски, кој ја доби наградата од публиката.

И оваа година „Ѕирни“ нуди одлична филмска програма во комбинација со добра музика, изложби, претстави и добра забава за љубителите на филмската уметноста во градот. Фестивалот се одржува на неколку урбани локации во градот.

Комисијата  во официјалната и во студентската селекција беше составена од Наталија Теодосиева, Петрула Велјановска и Батухан Ибраим и ги доделија следните награди:

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни