Тајниот мини вселенски шатл на американската војска денеска се врати на Земјата откако го обиколи светот 434 дена.
Вселенскиот авион беше лансиран во орбитата од вселенската станица Кенеди на НАСА во декември 2023 година како дел од тајна мисија, објави Индипендент.

Беше лансиран од SpaceX и носеше само воени експерименти.
Неговото слетување пред зори во вселенската база Ванденберг во Калифорнија беше објавено дури неколку часа по неговото враќање, објави британскиот дневен весник.
На фотографиите се гледа црно-бел вселенски авион паркиран на писта во темнината.

Ова е седми лет на едно од возилата за тестирање.
Претставниците на вселенските сили рекоа дека мисијата успешно ја покажала способноста за промена на орбитата со користење на атмосферското влечење за да се забави, со што се заштедува гориво.
„Ова е возбудливо ново поглавје во програмата X-37B“, рече програмскиот директор потполковник Блејн Стјуарт во соопштението.
Првпат лансирани во 2010 година, вселенските авиони на Боинг поминале дури 908 дена во вселената.
Долги се девет метри и распон на крилјата од речиси 4,5 метри.