Тајван денеска им забрани на владините институции да го користат сервисот за вештачка интелигенција (ВИ) на кинескиот стартап ДипСик, сметајќи го за безбедносен ризик, со што го заостри минатонеделниот став дека тој сервис не треба да се користи.
Демократската власт на Тајван долго време е внимателна кон кинеската технологија, со оглед на претензиите на Пекинг на суверенитет над островот и неговите воени и политички закани кон Владата во Тајпеј.
На состанокот на владата, тајванскиот премиер Хо Јанг-таи рече дека користењето на ДипСик е забрането во сите владини агенции „за да се осигури информатичката безбедност на земјата“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот, додавајќи дека постои и загриженост поради цензура на ДипСик и опасноста податоците да завршат во Кина.
Тајванското Министерство за дигитални прашања пред три дена соопшти дека владините институции не треба да го користат ДипСик, но конкретно не наведе дека неговата употреба е забранета.
Исто така, властите во Јужна Кореја, Франција, Италија, Ирска и други земји ја истражуваат употребата на ДипСик и обработката на личните податоци.