Тајгер Вудс во врска со Ванеса Трамп, поранешна сопруга на Доналд Трамп Џуниор

Тајгер Вудс и Ванеса Трамп излегоа во јавноста и објавија дека се во романтична врска. Тие објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи со зборовите „љубовта е во воздухот“.
Фото: X/@TigerWoods

Медиумите веќе неколку дена шпекулираат за нивната врска, а Вудс сега објави две фотографии на мрежата Х, на кои се гушка со Ванеса.

„Љубовта е во воздухот и животот е подобар со тебе покрај мене. Со нетрпение го очекуваме нашето заедничко патување низ животот“, напиша легендарниот играч на голф, додавајќи дека и двајцата би биле многу благодарни доколку им се дозволи одредена приватност. Меѓу првите луѓе кои му честитаа на новиот пар беше Иванка Трамп, ќерка на претседателот Доналд Трамп.


„Многу сум среќна за вас двајца“, рече Иванка, придружено со бројни емотикони. Вудс (49) и Ванеса (47) се заедно од Денот на благодарноста кон крајот на ноември минатата година, пишуваат медиумите.

Двајцата живеат во Флорида, на околу 20 минути, во богатиот град Палм Бич на југот на полуостровот.

Ванеса Трамп се омажи за најстариот син на Доналд Трамп во 2005 година. Тие останаа во брак 13 години и имаат пет деца.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни