Антонио Тајани: Воените планови на Израел се закануваат да ја претворат Газа во Виетнам

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани предупреди дека „воените планови на Израел се закануваат да го претворат Појасот Газа во Виетнам“.

Шефот на италијанската дипломатија му порача на Израел да ги послуша предупредувањата што доаѓаат од израелската армија (ИДФ) против започнување широка воена кампања за освојување на целиот Појас Газа.

„Инвазијата врз Газа се заканува да стане Виетнам за израелските војници“, рече Тајани во интервју за дневниот весник „Месаџеро“.
Од почетокот на војната против милитантната група Хамас во Појасот Газа, припадниците на израелската армија убиле 61.430 Палестинци, објави денеска Министерството за здравство во окупираната палестинска енклава. Во соопштението се наведува дека во измминатите 24 часа, телата на 61 убиено лице, јави Ал Џезира.

Најмалку 35 лица биле убиени обидувајќи се да добијат хуманитарна помош, а уште 363 лица биле ранети, вклучувајќи 304 лица кои се обидувале да добијат хуманитарна помош, се додава во соопштението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни