Шефот на италијанската дипломатија, Антонио Тајани изјави дека верува оти на погребот на папата утре во Рим, на кој ќе присуствува претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нема да се зборува за американските царини, бидејќи тоа би било непочитување кон покојниот поглавар на Римокатоличката црква, пренесоа денес италијанските медиуми.
Тајани додаде дека, покрај тоа, за состанокот на таа тема е потребна подготовка, пренесе агенцијата Нова.
„Претседателот Трамп доаѓа во Ватикан за да присуствува на погребот на папата Франциск, што нема никаква врска со преговорите меѓу САД и Европската Унија“, рече италијанскиот функционер, додавајќи дека таков состанок не бил подготвен детално и суштински, како што е практиката во овие случаи.