Тајната за витка линија? Ева Лонгорија откри што појадува Викторија Бекам
Американската актерка, Ева Лонгорија во интервју за британските медиуми, откри што јаде нејзината добра пријателка, Виторија Бекам за првиот оброк во денот.
Лонгорија која е позната по бројните улоги, меѓу кои и онаа во серијата „Очајни домаќинки“, е долгогодишна пријателка на поранешната „спајс девојка“, која, пак, ретко отстапува од строгата диета.
Станува збор за едноставно, но многу вкусно јадење, тоа се белки со авокадо. „Превкусно е, и затоа двете го појадуваме истото“, рече Лонгорија.
И двете сакаме белки и авокадо, а Викторија ги прави одлично“, додаде актерката. „За вечера, сепак, повеќе сака да јаде варена риба, како и варен зеленчук“, рече Лонгорија.
Освен што внимава на исхраната, познатата дизајнерка е доследна и на вежбањето. Едно од најчесто поставуваните прашања на Гугл е поврзано со фитнес навиките на Викторија.
Како изгледа нејзиниот тренинг и секојдневната рутина за вежбање од прва рака открива нејзиниот лилчен тренер, Боби Рич.
“Веќе четири или пет години редовно тренираме со тегови. Тоа е многу напорно, и психички и физички. Имено, Викторија го доживува тренингот како миење заби, тоа е нешто што таа сака и мора да го прави. Тоа е еден вид подготовка за нејзиниот ден“, изјави Рич, додавајќи дека нејзиниот сопруг Дејвид често и се придружува на напорните тренинзи.
“Нејзиниот тренинг дефинитивно не е за секого. Најчесто се состои од 30 минути вежби за раце, користиме тегови, потоа 30 минути вежби за долниот дел од телото и сето тоа завршува со серија штици”, рече Рич.