Во соопштението се наведува дека експертите на СЗО се на пат кон Панци во југозападната провинција Квангџу во Конго, каде што ќе ги достават потребните лекови и опрема за да помогнат во дијагностицирањето на причината за болеста со цел да се обезбеди соодветен третман, пренесе Ројтерс.
Се нагласува дека повеќе информации за болеста ќе бидат објавени веднаш штом ќе станат достапни. СЗО соопшти дека досега се пријавени 394 случаи и 30 смртни случаи во Панци, цитирајќи податоци од Министерството за здравство на Конго.
Претходно оваа недела, локалните власти објавија дека 143 лица во регионот починале од непозната болест во ноември. Според СЗО, симптомите на болеста вклучуваат главоболка, кашлица, треска, отежнато дишење и анемија.