СЗО: Респираторниот метапневмовирус е вообичаен, а не закана

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека ХМПВ, вирусна респираторна инфекција што се шири во Кина, не е ниту нова ниту особено опасна.

Портпаролката на СЗО рече дека организацијата е во контакт со кинескиот центар за контрола и превенција на болести. Таа додаде дека во СЗО се пријавени различни респираторни инфекции, вклучително и грип, РСВ, Ковид-19 и ХМПВ, кои се типични за зимата.

Кинеските медиуми на почетокот од декември почнаа да известуваат дека случаите на човечки метапневмовирус (ХМПВ) се во пораст, и дека предизвикуваат глобална здравствена загриженост по првпат по пет години по избувнувањето на пандемијата „Ковид-19“ во Кина.

Сепак, Пекинг и Светската здравствена организација се обидоа да ја смират загриженоста во последните денови. 

ХМПВ привлече внимание затоа што нема познато име, иако беше откриен во 2001 година, изјави портпаролката на СЗО Маргарет Харис, додавајќи дека вирусот често циркулира во зима и во пролет.

„Пријавениот број на респираторни инфекции во Кина е во границите на нормалата за зимската сезона. Властите известија дека искористеноста на болниците моментално е помала од ова време минатата година. Не е прогласена итна состојба и не се преземени мерки на претпазливост“, рече Харис.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи изјави на крајот на минатата недела дека се чини дека болестите се помалку сериозни и се шират помалку од минатата година.

Патогенот обично предизвикува нормални симптоми на настинка. Кај некои постари луѓе или оние со слаб имунолошки систем, HMPV може да доведе до посериозни болести како бронхитис или пневмонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни