СЗО објави листа на најсмртоносните вируси кои се пренесуваат преку храна

Според извештајот, норовирусот е водечки причинител на болести кои се пренесуваат преку храна. Овој вирус е исклучително заразен, а преносот може да се случи и во ситуации кога е ниво на контаминација на храната многу низок.

Светска здравствена организација (СЗО) и ФАО објавија извештај кој ги рангира најчестите вирусни болести кои се пренесуваат преку храна, со цел да укажат на сериозноста на овие болести кои може да имаат фатални последици на глобално ниво.

Прв на листата е норовирусот

Според извештајот, норовирусот е водечки причинител на болести кои се пренесуваат преку храна. Овој вирус е исклучително заразен, а преносот може да се случи и во ситуации кога е ниво на контаминација на храната многу низок.

Норовирусот предизвикува симптоми како што се дијареа, повраќање, болки во стомакот и покачена телесна температура. Прогнозите на СЗО покажуваат дека норовирусот секоја година предизвикува 125 милиони случаи и 35.000 смртни случаи ширум светот. Во Соединетите Американски Држави, норовирусот е одговорен за 58% од сите болести кои се пренесуваат преку храна, а во тој контекст се проценува дека предизвикува околу 2.500 епидемии годишно.

Најчесто контаминирани производи кои се поврзуваат со норовирусот се храна подготвена за јадење, замрзнати овошни плодови и школки.

Втор на листа е хепатитис А

Вториот вирус на листата е хепатитис А, кој секоја година предизвикува околу 14 милиони случаи и 28.000 смртни случаи. Пренесува се преку контаминирана храна, а најчест извор се школки, замрзнати овошни плодови и храна подготвена за јадење.
Во земјите со пониски санитарни стандарди, хепатитис А може да има поголемо ширење, додека вакцинацијата го намалува бројот на заболени во развиените земји. Сепак, вирусот и натаму претставува сериозна закана, особено за чувствителните популации.

Хепатитис Е, вируси кои се пренесуваат од животни на луѓе

На третото место е хепатитис Е, вирус кој е специфичен по тоа што се пренесува од животни на луѓе, најчесто преку недоволно печено свинско месо, како што се црн дроб, како и паштета од дроб.

Што предизвикува хепатитис Е?
Хепатитис Е може да предизвика сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи цироза на црниот дроб и неуролошки нарушувања.

Овој вирус е специфичен по тоа што има многу асимптоматски преносители меѓу животните, особено свињите, а неговиот пренос преку храна се смета за најопасен во земјите каде не се доволно регулирани здравјето на животните и контрола на прехранбената индустрија.

Други вируси кои се пренесуваат преку храна

Покрај овие, постојат и други вируси кои можат да предизвикаат болести кои се пренесуваат преку храна, а тие се: астровирус (вирус кој може да предизвика гастроентеритис, односно воспаление на стомакот и цревата), саповирус (сличен на норовирус), ентеровирус, цревен аденовирус (вирус кој инфицира човечки дигестивен систем) и ротавирус, кои имаат помалку познати механизми на пренос и контаминација.

Сепак, за овие вируси моментално нема доволно податоци за преносот преку храна. Иако не се толку препознатливи, тие исто така можат да имаат сериозни последици по здравјето на луѓето.

Потребни мерки за контрола и превенција

Извештајот исто така укажува на потребата од подобрување на глобалниот надзор и подобра координација помеѓу земјите за да се намали ризикот од ширење на овие болести.

Експертите препорачуваат подобра обука за откривање на вируси во храната и животната средина, што може да помогне во раното откривање на контаминирани производи и превенција на ширење на болестите. Исто така, подобрување на санитарните и хигиенските стандарди во прехранбената индустрија, како и поголема усогласеност со меѓународните стандарди, може значително да придонесе за намалување на бројот на случаи на болести кои се пренесуваат преку храна.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни