СЗО: Намалувањето на американската помош може да предизвика милиони дополнителни смртни случаи

Одлуката на администрацијата на Трамп да ја намали американската развојна помош ќе доведе до големи неуспеси во глобалната борба против смртоносните болести како маларијата и ХИВ, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

-Во текот на последните две децении, САД беа најголемиот билатерален донатор во борбата против маларијата, помагајќи да се спречат околу 2,2 милијарди случаи и 12,7 милиони смртни случаи“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус во изјавата.


Тој истакна дека веќе се забележани „сериозни нарушувања во снабдувањето со дијагностика на маларија и лекови“ како резултат на намалувањата во САД.

-Ако прекините продолжат, би можеле да видиме дополнителни 15 милиони случаи на маларија и 107.000 смртни случаи само оваа година, додаде тој.

Замрзнувањето на финансирањето на САД предизвикало и „итно запирање на услугите за третман, тестирање и превенција на ХИВ во повеќе од 50 земји“.

-Нарушувањата на програмите за ХИВ би можеле да го поништат 20-годишниот напредок, што ќе доведе до повеќе од 10 милиони дополнителни случаи на ХИВ и три милиони смртни случаи поврзани со ХИВ – повеќе од тројно повеќе од бројот на смртни случаи минатата година, додаде шефот на СЗО.

Тој, исто така, предупреди на неуспеси во борбата против туберкулозата и сипаниците, велејќи дека глобалната мрежа од преку 700 лаборатории за мали сипаници и рубеола финансирана исклучиво од САД „се соочува со неизбежно затворање“.

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди драстични намалувања на меѓународната агенција за развој УСАИД и другите американски институции кои поддржуваат здравствени проекти во странство. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни