Нов Зеланд беше погоден од сериозно свлечиште, откако голема маса на земја се урна врз приморски камп во подножјето на Mount Maunganui, на Северниот Остров.
Службите за итни интервенции биле повикани кратко по 9:30 часот наутро, кога тони земја се лизнале во кампот Beachside Holiday Park, затрупувајќи делови од локацијата. Погодени биле неколку камп-приколки и санитарен објект.
Надлежните соопштија дека неколку лица се водат како исчезнати, меѓу кои и деца. Локалните медиуми јавуваат дека најмалку две лица загинале во одделно свлечиште, поврзано со истиот временски систем што ја зафатил областа.
Акцијата за пребарување и спасување продолжува, но е значително отежната поради нестабилниот терен и ризикот од нови одрони. Спасувачите соопштија дека на теренот биле слушнати гласови, но досега не биле пронајдени знаци на живот.
Свлечиштето следело по неколкудневни обилни врнежи од дожд, а пријавени се и други одрони во поширокиот регион. Кампот е затворен, а властите ги повикаа граѓаните да бидат особено внимателни и да избегнуваат непотребни движења во погодените подрачја.
