Свикан нуклеарниот тим: Пакистан започна воена операција против Индија

Состојбата останува крајно напната. Индиските и пакистанските власти не дадоа нови официјални изјави во текот на утрото. Светската јавност со загриженост го следи развојот на ситуацијата која може да има несогледливи последици.
epa12088000 Indian people gather around a damaged vehicle after cross-border shelling, at Jammu town in Jammu and Kashmir, India, 10 May 2025. India's Foreign Secretary Vikram Misri accused Pakistan of 'provocative and escalatory actions' after overnight attacks on Indian cities, civilian infrastructure, and military targets, stating the Indian Armed Forces responded 'proportionately, adequately, and responsibly'. EPA-EFE/MUKESH

Индија и Пакистан се на работ на отворен вооружен конфликт, откако Исламабад утрово започна воена офанзива насочена кон повеќе индиски бази. Според пакистанската војска, цел на нападите биле стратешки локации, вклучувајќи складиште за ракети и воздухопловни бази.

Воени и дипломатски извори информираат за загинати најмалку 48 лица од двете страни, додека серија експлозии одекнале во регионот на Кашмир, Џаму и Сринагар. Во Индија биле активирани сирени за воздушна опасност.

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, го свика Националниот команден совет – тело што донесува одлуки поврзани со националната безбедност и нуклеарниот арсенал – само неколку часа пред почетокот на офанзивата.

Ескалација со меѓусебни обвинувања

Индиските власти ја обвинија Пакистан за употреба на суперсонични ракети против воздухопловни бази во Индија, додека Исламабад тврди дека претходно бил нападнат од индиски ракети. Индија негира дека нападите предизвикале значителна штета на нејзината воена инфраструктура и ги отфрли наводите за уништување на системи како С-400 и бази во Адампур, Нагрота и Чандигар.

Според индискиот државен секретар за надворешни работи, Викрам Мисри, „пакистанските дејствија претставуваат сериозна провокација и безбедносна закана“. Министерството за одбрана на Индија најави дека војската наскоро ќе излезе со официјални информации.

Жртви и разурнување

Во индискиот град Рајџури, во Кашмир, загина еден висок административен службеник, Раж Кумар Тапа, откако неговата куќа била погодена од пакистански гранати. Во Џаму се потврдени уште две цивилни жртви. Локалните власти издадоа предупредувања до населението, повикувајќи на смиреност и почитување на безбедносните мерки.

Од Исламабад тврдат дека нападот е одговор на индиските воздушни удари спроведени во средата, за кои Делхи тврди дека биле насочени кон бази на милитанти во Пакистан. Исламабад ги негира ваквите обвинувања.

Меѓународна загриженост

Ситуацијата во регионот на Јужна Азија предизвика загриженост кај меѓународната заедница. Земјите-членки на Г7 повикаа на итен дијалог и воздржаност од натамошна ескалација. Индија и Пакистан се нуклеарно вооружени нации, а тековната ситуација е најопасна ескалација во последните три децении.

Пакистанската војска информираше дека неколку ракети испукани од Индија биле пресретнати, додека некои паднале на сопствена територија. „Шест балистички ракети беа истрелани од Адампур – една од нив падна во самиот Адампур, а пет во Амритсар“, изјави портпаролот на армијата, генерал-потполковник Ахмед Шариф Чаудри.

Министерот за информации на Пакистан соопшти дека воената операција се нарекува „Операција Буњанун Марсус“, термин од Куранот што означува „цврста и обединета структура“.

Состојбата останува крајно напната. Индиските и пакистанските власти не дадоа нови официјални изјави во текот на утрото. Светската јавност со загриженост го следи развојот на ситуацијата која може да има несогледливи последици.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни