Убава вест доаѓа од Светското првенство во атлетика – натпреварувач и натпреварувачка од Словачка се верија на целта.
Хана Бурзалова по истрчани 35 километри на крајот од целта го виде своето момче како е клекнато на колено и држи прстен во раката.
За среќа, Бурзалова и покрај напорот вложен во трчањето имаше доволно воздух да каже „да“ на прашањето на својот партнер. Понесена од емоциите Бурзалова несебично го покажа прстенот пред широката јавност со помош на камерите и фотоапаратите.
Черни (25) се пласираше на 19-тото место во својата трка, постигнувајќи лично најдобро време од 2:32.56. Неговата нова свршеница (22) заврши на 28-то место во женската трка со најдобар резултат оваа сезона од 3:02.47.
Извор: n1info.rs