Светски ден на хуманитарните работници: годинава убиени 280 хуманитарни работници и 150 повредени или киднапирани

Светскиот ден на хуманитарните работници се одбележува секоја година на 19 август за да им се оддаде почит на загинатите и повредени хуманитарци и на сите хуманитарни и здравствени работници кои продолжуваат да обезбедуваат поддршка и заштита на луѓето на кои таа им е најпотребна.

Денот ја нагласува важноста, ефективноста и позитивното влијание на хуманитарната работа.Темата на овогодинешниот Светски ден на хуманитарните работници , #ActForHumanity ја нагласува критичната потреба да се почитуваат меѓународните хуманитарни закони и да се заштитат оние кои ги ризикуваат своите животи за да достават помош.

Минатата 2023 година била најсмртоносната година досега, со невидени 280 хуманитарни работници убиени во насилство. Ова претставува неверојатен пораст од 137 отсто во однос на 2022 година, кога животот го загубија 118 хуманитарни работници. Трендот продолжи и во 2024 година, со 280 хуманитарни работници веќе убиени од 17 август и најмалку 150 кои повредени или киднапирани, што ја нагласува ескалацијата на опасностите со кои се соочуваат оние на првите борбени линии во кризните зони.

„Нормализацијата на насилството врз хуманитарните работници е и неприфатливо и несовесно. Тоа го загрозува самиот темел на хуманитарната работа и ја поткопува нашата способност да дојдеме до оние кои имаат очајна потреба“, рече Танди Мвапе, шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања.

Тековниот конфликт во Газа стана најсмртоносно место за хуманитарните работници, со над 250 хуманитарни работници убиени од октомври 2023 година. Дополнително, екстремното насилство во Судан и Јужен Судан продолжува да придонесува забројот на жртви и во 2023 година и во 2024 година.

„Секој напад врз хуманитарен работник е напад врз самото човештво. Императив е сите страни во конфликтот да го почитуваат меѓународното хуманитарно право и да ги бараат сторителите одговорни за нивните постапки“, додаде г-ѓа Мвапе.


И покрај 75-годишното меѓународно право за заштита на цивилите и хуманитарните работници, прекршувањата продолжуваат ширум светот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни