Историја во пливањето: Срушен рекорд од 2009 година

Камерон Мек Евој постави нов светски рекорд на 50 метри слободно со време од 20.88 секунди.

Австралискиот пливач Камерон МекЕвој постави нов светски рекорд на 50 метри слободно, соборувајќи резултат стар цели 17 години.

На митингот China Open во Шенжен, 31-годишниот МекЕвој ја исплива најкратката спринтерска дисциплина за 20.88 секунди, што беше доволно за убедлива победа и влез во историјата.

Со овој резултат, тој го подобри за три стотинки претходниот светски рекорд што го држеше Бразилецот Сезар Сиело од 2009 година – период кога сè уште беа дозволени полиуретанските пливачки костими.

МекЕвој, кој е актуелен олимписки шампион и двократен светски првак во оваа дисциплина, уште еднаш ја потврди својата доминација. На трката во Шенжен зад себе ги остави Американецот Џек Алекси со време од 21.57 секунди и сонародникот Кајл Чалмерс со 22.01.

Овој резултат се смета за особено значаен, бидејќи го надминува рекорд поставен во ера кога технологијата имаше значително влијание врз резултатите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни