Започнува Светскиот економски форум во Давос

Глобалните лидери ќе дебатираат за дијалог, економија, технологии и климатски ризици

Денеска започнува Светски економски форум во Давос, кој ќе трае до 23 јануари 2026 година.

Ова е 56-тото годишно издание на форумот, што традиционално се одржува во Давос-Клостерс, Швајцарија, а годинава се реализира под мотото „Во духот на дијалог“, со учество на светски лидери од политиката, бизнисот, технологијата и граѓанското општество.

Форумот има за цел да отвори простор за разговори околу најзначајните глобални предизвици, меѓу кои се зајакнувањето на меѓународната соработка, одржливиот економски раст, инвестициите во луѓето и вештините на иднината, како и одговорната употреба на новите технологии, со посебен акцент на вештачката интелигенција.

Во фокусот се и климатските промени, енергетската транзиција и прашањата поврзани со глобалната стабилност и просперитет, во услови на зголемени геополитички и економски неизвесности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни