Најмалку 160 милиони деца ширум светот се лишени од правата на образование и безбедна средиња за растење и се предмет на злоупотреба за работна сила. На 12 ти јуни, Светскиот ден против злоупотребата на трудот на децата, се осврнуваме кон посветеноста на борбата против експлоатацијата на децата.
Детската работна рака е најискористена во Африка јужно од Сахара каде работи секое трето дете. Во Азија секое петто, во Латинска Америка работи секое шесто дете. Во Индија, според проценките на УНИЦЕФ работат меѓу четириесет и деведесет милиони деца, околу петнаесет милиони во Бангладеш и десет милиони во Пакистан. Во Непал, Камбоџа и на Филипините состојбата со искористување на детскиот труд е многу слична. Вработувањето на децата е многу исплатливо затоа што е поефтино, децата не се способни да се бранат и речиси никогаш не се синдикално организирани. Околу 55% од децата кои работат се машки, а 45% девојчиња. Причините за вработувањето на деца се различни. Со парите кои ги заработуваат, децата најчесто ги издржуваат семејствата или ги отплаќаат долговите на родителите. Честите војни и сидата во Африка се причина поради која децата таму се принудени сами да се снаоѓаат во животот.
Стратегијата за правата на децата 2021-2024 има за цел: промоција на бесплатно и достапно образование за сите, проширување на програмите за социјална заштита за згрижување на деца од ранливите категории и зајакнување на системите за инспекција на трудот во партнерските земји
Годинава е донесена и регулатива со која наскоро ќе се забрани увоз на производи направени со принудна работна сила на пазарот на Унијата.