Жирафите играат клучна улога во екосистемите – со хранењето на висока вегетација, тие овозможуваат простор и пристап до храна за други видови, поддржувајќи биолошка разновидност и здрав развој на екосистемите.
Но, нивниот опстанок е под сериозна закана. Загубата на живеалишта, неконтролираниот лов и климатските промени доведоа до драматичен пад на популацијата на жирафите во последните децении. Без навремена и конкретна акција, овие симболи на африканската савана може да исчезнат од природата.
На денешен ден, 21 јуни, се одбележува Светскиот ден на жирафите, ден посветен на зачувување, заштита и подигнување на свеста за овие уникатни животни, чии долги вратови и тивки чекори се суштински дел од биолошката рамнотежа на саваните.
Жирафите играат клучна улога во екосистемите – со тоа што се хранат со лисја на високи дрвја, создаваат простор за други тревопасни животни, ја поттикнуваат циркулацијата на хранливи материи и го одржуваат растителниот баланс. Но, и покрај нивната важност, тие се сè повеќе загрозени. Денес, светската популација на жирафи е во постојан пад – под закана од губење на живеалишта, климатски промени.

За жал, овој ден во Македонија поминува без можност за средба со жирафа. Од ноември 2023 година, во Скопската зоолошка градина нема ниту една жирафа.
Последната жирафа, Флопи, угина на 27 ноември 2023 година. Пред неа, во мај 2023 угина Каспер, а во јануари 2021 и првата жирафа во Скопје — Тобого. Сите три беа големи миленици на посетителите, и симбол на животинскиот свет во срцето на главниот град.
Причините за нивната смрт не беа детално објаснети во јавноста, а загриженоста кај граѓаните и активистите за добросостојбата на животните останува отворено прашање.
Скопската Зоолошка градина долго време ги промовираше жирафите како главна атракција, особено бидејќи тие беа првите вакви животни донесени во земјава по децении. Нивната смрт не само што предизвика емотивна реакција кај граѓаните, туку отвори и прашања за условите во кои се чуваат животните и општата грижа за добросостојбата на дивите видови во заробеништво.
Светскиот ден на жирафите е повик на будност. Да се застапуваме за подобра заштита на животните – не само оние во дивината, туку и оние што ги чуваме во нашите зоолошки градини. Природата нема глас, но ние можеме да зборуваме во нејзино име.