Оваа глобална иницијатива започна во 2010 година на Тигар Самитот во Санкт Петербург, со намера да се создаде механизам за заштита на овој загрозен вид.

Тигрите се клучен дел од природните екосистеми, одржувајќи ја биолошката рамнотежа и поттикнувајќи го биодиверзитетот. Во 2025 година, кампањата „Save Tigers, Save Forests, Save Life“ го нагласува значењето на заштитата на шумите и тигрите за опстанокот на животот на планетата.
Неколку интересни факти за тигрите:
- Тие се најголеми претставници на мачките.
- Сибирскиот тигар е најголем подвид, со мажјаци кои можат да достигнат до 420 килограми и над 3 метри должина.
- Шарите на секој тигар се уникатни, како отпечаток од прсти.
- Тигрите се одлични пливачи и често ја користат водата за лов или освежување, што е необично за мачките.
За жал, во последните 100 години, популацијата на дивите тигри е намалена за неверојатни 90-95%, што ги става на работ на исчезнување.

Во Зоолошката градина во Скопје живее сибирската тигрица Ана, која претставува симбол на заштитата на загрозените видови. Во природата, остануваат помалку од 500 сибирски тигри, па секоја заштитена единка е од голема важност за опстанокот на видот.
Живеалиштето на Ана во ЗОО Скопје е пространо и уредено според највисоките светски стандарди, обезбедувајќи безбедна и пријатна средина за живот.
Фото: Игор Паневски
Извор: Андреја Стојковски