На 3 мај 1993 година, Генералното собрание на ОН прогласи меѓународен ден за слободата на печатот. Овој ден е наменет да ги потсети светските влади дека треба да ја почитуваат нивната посветеност на слободата на печатот. Токму оваа слобода е доведена во прашање денес.
Повеќе од еден век слободата на медиумите е клучен принцип на демократијата, новинарите се бореа за правото на слободно изразување и информирање на општеството. Денес, на Светскиот ден на слободата на медиумите, светот му се обраќа на нив со признание за нивниот неуморен труд и смелост во известувањето за настани и заштитата на јавните информации.
Медиумите не само информираат, туку и обликуваат, ја формираат општествената свест и ги изнесуваат проблемите пред јавноста. Во идеални услови, тие треба да бидат систем за рано предупредување за општеството, укажувајќи на одредени девијации. Некои теоретичари ги опишуваат медиумите како чувари на општествениот ред, доделувајќи им таква одговорна улога. За обичните луѓе, тие се мерило за сè.
Од мали градови до светските престолнини, денес луѓето оддаваат почит на новинарската професија и се истакнува значењето на слободата на медиумите за стабилно функционирање на демократските општества.
Иако има значителни постигнувања во заштитата на слободата на изразување, сè уште постојат предизвици и загрозувања за новинарската професија ширум светот. Нападите на новинарите, цензурата, ограничувањата на пристапот до информации и ударите на слободите на медиумите се реалност во многу земји.
Постојат и многу неправилности при начинот на информирање при што новинарите се само пренесувачи на јавни говори без критички коментар или гледање на целата слика. Исто така постојат и лажни критичари на негативните појави, кои во својот пристап тргнуваат од отворен или прикриен националистички дискурс.
Независно од овие отстапки, за среќа се уште постојат новинари кои продолжуваат да дејствуваат како стражари на демократијата, истражувајќи и откривајќи скандали, нечесни дејства и нарушувања на правата на човекот. Големиот придонес кои новинарите го имаат за информирање на општеството и одржување на одговорноста на власта е непроценлив.
Новинарите се повеќе се мета на напади
Советот на Европската унија забележува дека медиумските работници, особено новинарките, се повеќе се мета на закани и напади. Тие се изложени на стигматизација, сексистички говор на омраза и родово базирано насилство. Како што наведуваат, 73 отсто од новинарките во одреден момент, во текот на извршувањето на својата должност, биле цел на уцени, закани и малтретирање.
На овој Светски ден на слободата на медиумите, треба да си спомнеме за демократските вредности и принципите на правната држава, треба да ги заштитиме слободата на медиумите и да го поддржиме независниот новинарство. Тоа е камен-темелник на отвореното и транспарентното општество, каде информацијата е достоинство на сите граѓани.

Помеѓу 2 и 4 мај, Чиле и УНЕСКО ќе бидат домаќини на 31-та конференција за Светскиот ден на слободата на медиумите.
Светскиот ден на слободата на медиумите ќе биде посветен на важноста на новинарството и слободата на изразување во контекст на актуелната глобална еколошка криза.
3-ти мај е Светски ден на слободата на печатот, а секоја година УНЕСКО организира конференција за да ја одбележи и оддаде оваа важна глобална тема. Секоја година, конференцијата е во различен град низ светот, а оваа година се одржува во Обединетите нации во Њујорк.
Вчера се одржа церемонијата са доделување на светската награда за слобода на печатот на УНЕСКО/Гиљермо Кано на заслужен поединец, организација или институција која дала исклучителен придонес во одбраната и/или промоцијата на слободата на печатот насекаде во светот, особено кога тоа има е постигнат наспроти опасноста. Создадена во 1997 година, наградата се доделува по препорака на независно жири од 14 професионалци во вестите. Имињата се доставени од регионални и меѓународни невладини организации кои работат за слободата на печатот и од земјите-членки на УНЕСКО.
Оваа година Насер Абу Бејкер, претседател на Синдикатот на палестинските новинари (ПЈС) и потпретседател на ИФЈ, ја прими наградата на УНЕСКО во име на неговите колеги во Газа.
Наградата е именувана во чест на Гиљермо Кано Исаза, колумбиски новинар кој беше убиен пред канцелариите на неговиот весник, Ел Еспектадор, во Богота, на 17 декември 1986 година. Списите на Кано ги навредиле моќните колумбиски нарко барони.