Денес се одбележува Светскиот ден на преселните птици, кој има за цел да ја промовира важноста на здравиот соживот меѓу луѓето и птиците, поттикнувајќи го создавањето на сигурни средини за птиците во рамките на нашите градови и заедници.

Во изминатите неколку денови, членовите на Македонското еколошко друштво успешно забележаа неколку исклучително ретки и енигматични преселни птици како што се жеравот (Grus grus), блатната ластовица (Glareola pratincola), белокрстниот свиркач (Calidris ferruginea), но и многу други.
Доколку и Вие сакате да се вклучите во набљудувањето на птици и да дадете свој придонес кон унапредувањето на граѓанската наука, посетете ја специјализираната веб-платформа https://ptici.mk/