Светски ден на пицата: вистинското потекло на омиленото јадење

Дознајте ја вистинската историја на пицата и како настанала пред да стане светски гастрономски симбол.

Секој 9 февруари се одбележува Светскиот ден на пицата, едно од најпопуларните јадења во светот. Иако најчесто се смета дека пицата потекнува од Италија, нејзината историја е многу подолга и поинтересна отколку што изгледа на прв поглед.

Корените на пицата водат до античка Грција, каде што луѓето подготвувале рамни лепчиња од брашно и вода, печени на жежок камен и премачкани со масло и зачини. Современиот изглед на пицата се оформил многу подоцна, кога доматот пристигнал од Америка во Европа и станал незаменлив дел од рецептот.

Во 18 век, пицата стигнала до Наполи, каде што почнала да се подготвува и продава на јавни места, а во 19 век се појавила и првата затворена пицерија. Денес, и покрај тоа што пицата е присутна во речиси секој дел од светот, Наполи останува симбол на нејзината традиција и култура.

Името „пица“ потекнува од старите зборови „picea“ и „piza“, кои во јужна Италија се користеле за означување на видови погачи. Светскиот ден на пицата денес се слави со различни настани и гастрономски манифестации, потврдувајќи дека ова јадење одамна ја надминало својата првична форма и станало глобален симбол на вкус и традиција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни