Светски ден на мршојадците

Белоглавиот мршојадец е трајно заштитен со закон, односно строго е забрането негово убивање. По масовното труење, популацијата пак на кањи насекаде во Македонија е во постојан и рапиден пад

Денес се одбележува Светскиот ден на мршојадците.

Денот не потсетува на важноста за подигнување на свеста на овие импресивни птици и нивната улога во природата.

Во Македонија присутни се белоглавиот мршојадец и египетскиот мршојадец, познат и како кања.

Белоглавиот мршојадец, кој припаѓа на семејството јастреби, е голема птица со распон на крилјата од 2,3 до 2,8 метри. Тежината кај мажјаците се движи од шест до 10 килограми, а кај женките од шест до 11 килограми. Тие се карактеризираат со бела глава, голем распон на крилјата и кратка опашка.

Најчесто се движат во јата и имаат свои колонии на карпите. Женките несат по едно јајце, а го лежат двата родитела. Инкубацијата трае педесетина дена, а младенчето го напушта гнездото на возраст од три месеци. Можат да живеат повеќе години, а во заробеништво е забележан случај кога еден мршојадец живеел 40 години.

Во Македонија најмногу се сретнува во клисурата на Црна Река, во реонот на Демир Капија, кај езерото Матка, во околината на Тиквешко Езеро, планината Осогово и во Мариово. За свои колонии ги избира кањоните на Црна и Бела Река, како и на Градешка Река, поради поволните услови за гнездење.

Во нашата држава, белоглавиот мршојадец е трајно заштитен со закон, односно строго е забрането негово убивање.

Покрај Македонија, белоглавиот мршојадец живее и во пошироките предели на јужна Европа, северна Африка и Азија. Благодарение на широките крилја може да прелетува огромни пространства користејќи ги поволните ветришта.

Кања или египетски мршојадец , исто така наречен бел уличен мршојадец или фараонска кокошка, мал и единствен член на родот Neophron. Тој е широко распостранет. Египетскиот мршојадец го има во југозападниот дел на Европа и северниот дел на Африка до Индија. И контрасната шема под крилјата и остра опашка што го прават карактеристичен како во лет одеднаш во текот на топлите делови од денот. Египетските мршојадци се хранат главно на мрши но се опортунистички и ловат мали цицачи, птици и влекачи. Тие исто така се хранат со јајца од други птици, кршејќи ги поголемите со фрлање големо камче врз нив. Употребата на алатки е ретка кај птиците и за разлика од употребата на камче како чекан, египетските мршојадци, исто така користат гранчиња да навиваат волна за употреба во нивните гнезда.

Египетските мршојадци кои живеат во умерените региони се селат на југ во зима додека тропските популации се релативно седентарен начин. Популацијата од овој вид се намалила во 20 век и некој од островските популации се загрозени од лов и случајно труење.

Кањите ги има и во Македонија, но нивната популација е во опаѓање. Во 1991 година во цела Македонија имало околу 120 парови, а во Демир Капија имало 10 парови кањи. Есента 1993 година, во времето на преселбата имало масовно труење на 65 кањи кај градската депонија кај Неготино предизвикана од дератизацијата направена од комуналното претпријатие во Неготино. Со тоа била осакатена целокупната популација на овој значаен вид во Македонија.

После масовното труење кај Неготино популацијата на кањи насекаде во Македонија е во постојан и рапиден пад. Во 2007 година во Македонија имало само 30 парови, а во 2012 година само 22-25 парови. Последниве неколку години во Демир Капија има само еден активен пар на кого во 2013 година му пропаднало леглото во почетна фаза на инкубацијата. Причина за тоа е изградбата на автопатот на начин кој е целосно безобзирен кон природата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни