Светски ден на медоносната пчела

Денес се одбележува Светскиот ден на медоносната пчела која има клучна улога во нашиот екосистем. Пчелите се одговорни за опрашување на приближно една третина од храната што ја консумираме. Нивната напорна работа помага да се одгледуваат овошје, зеленчук и цвеќиња, што ги прави витални за нашата животна средина и снабдувањето со храна.

Во Словенија во Вишња Гора на површина од 270 м2, се наоѓа Куќата на карниолската пчела. Хостелот е во форма на пчеларник, составен од дрвени шестоаголни живи модули. Поединечните модули се склопуваат и се приспособуваат и формираат целина која е доволна да прими 24 гости.

Содржински, хостелот нуди едукативен лавиринт, интерактивни алатки и технологии како виртуелна реалност, каде што посетителите го запознаваат светот на пчелите преку мултимедијални содржини и вистински стаклени кошници населени со живи карњолски пчели.

текст и фото Europe House Skopje

https://www.facebook.com/share/p/GhHAQLqmJhnHNEKR/?mibextid=oFDknk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни