Светски ден на читањето бајки – читајте му на вашето дете за да му помогнете во животот

Речиси 80 отсто од малите деца имаат проблеми со говорот поради што се полни чекалниците за термини за логопед. На Светскиот ден на читањето на бајките, кој се слави на 26 февруари, статистиката покажува дека телефоните и таблетите се голема конкуренција на книгите ширум светот.

„Ако сакате вашето дете да биде интелигентно, читајте му бајки. Ако сакате да биде многу интелигентен, читајте му повеќе бајки“, рекол Алберт Ајнштајн.

Има различни примери, има студии кои покажуваат дека третина од родителите воопшто не читаат и немаат навика да им читаат на децата, третина читаат умерено и една третина читаат постојано. Примерите покажаа во пракса дека децата чии родители читаат бајки и приказни приспособени на нивната возраст напредувале многу побрзо и во говорот и во когнитивниот развој во однос на социјализацијата, однесувањето, емоционалниот развој и емпатија за другите.

Родителите треба да почне да им читаат на своите деца уште од првите месеци кога ќе се родат, бидејќи гласот на родителот го смирува бебето и тоа се учи да обрнува внимание на родителот и пополека почнува да го разбира.

Најдобро време за читање на вашите деца е во вечерните часови, кога децата и природно одмараат и се најмирни. Доколку создадете навика секоја вечер да читате по 15 до 30 минути со вашите деца, ќе обезбедите лесен начин за вашето дете да стекнува нови знаења, да ги проширува своите исксутва и да развие љубов кон книгата, што после ќе се пренесе и во образованието.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни