Светски ден на борба против мозочен удар – се почесто се појавува и кај лица помлади од 65 години

29 октомври е Светскиот ден на борбата против мозочниот удар. На овој ден се крева свесноста и се истакнуваат начините на кои треба да се реагира при мозочен удар.

На светско ниво 12 милиони луѓе доживуваат мозочен удар секоја година, бројка која е во постојан раст. Мозочните удари најчесто се јавуваат кај старите лица, над 65 години, но се почести се примерите на млади кои преживеале позочен удар.

Кога ќе се појави, мозочниот удар е итна состојба која бара рано препознавање на симптомите на мозочен удар и третман на пациентите во специјализирани единици за мозочен удар.

Брзата акција по препознавање на симптомите на мозочен удар може да биде клучна за спасување на животот на некој наш близок, па дури и на самите себе. Симптомите вклучуваат ненадејна вкочанетост или слабост во лицето, раката или ногата, особено на едната страна од телото, ненадејна конфузија, проблеми со говорот или тешкотии во разбирањето на говорот, ненадејни проблеми со гледањето во едното или двете очи, ненадејни проблеми со одење, вртоглавица, губење на рамнотежа или недостаток на координација, ненадејна силна главоболка без позната причина.

Доколку забележите кај вас или некој ваш близок некој од овие симптоми, веднаш консултирајте се со лекар и побарајте итна помош.

Во процесот на лекување по мозочен удар, важна улога има и рехабилитациониот третман, кој се започнува за време на болничкото лекување.

Според Светската здравствена организација главна причина за смртност во земјава се мозочните удари, кои се почесто се јавуваат и кај лица околу 40 години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни