Бакнежот како уметност: “The Kiss” од Густав Климт
Никој не ја фатил таа интимна магија подобро од Густав Климт во неговото ремек-дело “The Kiss” (1907–1908). На сликата, маж и жена се споени во бакнеж, опкружени со злато и апстрактни мотиви. Во него, бакнежот станува вечен, надвремен, трансцедентален. Двојката е изолирана од светот, обвиткана во сопствен универзум – нешто што често го чувствуваме кога бакнуваме или сме бакнати од некој што навистина ни значи.
Психолошки и биолошки аспекти: Зошто бакнувањето значи толку многу?
Од психолошки аспект, бакнежот е мост меѓу две личности. Тоа е најчовечка и најинстинктивна форма на поврзување. Бакнежот активира ослободување на допамин, серотонин и окситоцин – хормони кои се директно поврзани со љубов, среќа, доверба и врзување.
Истражувањата покажуваат дека првиот бакнеж е често одлучувачки во тоа дали ќе се заљубиме. Во бакнежот читаме – интуитивно – дали има „хемија”, дали некој ни одговара. Тоа е наш внатрешен компас.
Енергетска размена: кога усните зборуваат без зборови
Бакнежот е и енергетски чин. Во секој бакнеж има размена на чувства, мисли и дури и несвесни импулси. Некои култури го гледаат бакнежот како спој на душите – момент кога дишеме ист воздух, кога пулсот се синхронизира, кога времето застанува.
Според енергетската психологија, преку бакнежот се активира срцевата чакра – центарот на љубовта и емпатијата. Тоа е причина зошто понекогаш еден единствен бакнеж знае да нè смири, да не утеши, да нè спои со некого на ниво кое е подлабоко од зборови.
На Светскиот ден на бакнежот се слави моќта на блискоста. Без разлика дали бакнуваме дете на чело, пријател по долго време, партнер во момент на страст или родител со благодарност – во бакнежот има вистина, доверба и љубов.
Денес, потсети се на таа магија. Бакни некого – со срце.
Затоа што, како што велат – „бакнежот е цитат од љубовта, напишан на кожата.“