Светските цени на храната во февруари пораснаа на највисоко ниво во последните четири месеци, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).
Според најновиот извештај, индексот на цените на храната на ФАО (FFPI), кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на глобалниот пазар, достигнал 125,3 поени, што е зголемување од 0,9 проценти во однос на јануари.
Ова е прв раст на индексот по пет последователни месеци на пад.
Од ФАО посочуваат дека зголемувањето на цените на житарките, месото и растителните масла го надоместило падот на цените на млечните производи и шеќерот.
Индексот на ФАО се смета за еден од главните глобални показатели за движењето на цените на храната на светските пазари.