Светски берзи паѓаат под притисокот на царинскиот конфликт

И на европските берзи цените на акциите минатата недела паднаа, но значително помалку отколку на Вол Стрит. Лондонскиот индекс FTSE ослаби за 0,5 проценти, на 8.632 поени, додека франкфуртскиот индекс DAX падна за 0,1 проценти, на 22.986 поени, а парискиот CAC за 1,1 проценти, на 8.028 поени

На светските берзи минатата недела цените на акциите паднаа бидејќи инвеститорите се плашат дека царинскиот конфликт помеѓу Вашингтон и неговите најголеми трговски партнери ќе предизвика забрзување на инфлацијата и забавување на економскиот раст.

На Вол Стрит, индексот Dow Jones минатата недела потона за 3,1 проценти, на 41.488 поени, додека S&P 500 падна за 2,3 проценти, на 5.638 поени, а индексот Nasdaq падна за 2,4 проценти, на 17.754 поени.


Острото намалување на индексите четврти пат по ред е последица на царинскиот конфликт што претседателот на САД, Доналд Трамп, го води на повеќе фронтови – со Канада, Мексико, Кина, Европската унија…

На почетокот на неделата стапија на сила царини од 25 проценти на увозот на челик и алуминиум во САД, а Канада и Европската комисија најавија контрамерки.

Меѓу другото, Европската комисија најави царини од 50 проценти на увозот на американски виски. На тоа, Трамп закани со царини од 200 проценти на увозот на европски вина и алкохолни пијалаци. Канада, пак, се закани и со воведување дополнителни накнади на цената на електричната енергија што ја извезува во северниот дел на САД, а Трамп закани со зголемување на царините на увозот од Канада од 25 на 50 проценти.

Покрај тоа што ескалацијата на царинскиот конфликт предизвика нестабилност на финансиските пазари, инвеститорите се плашат дека тоа ќе доведе до зголемување на инфлацијата и негативно ќе влијае на меѓународната трговија и економскиот раст.

„Менталитетот е лош. Секој ден пристигнуваат нови вести за царини и тоа го притиска пазарот. Ситуацијата не е воопшто добра“, вели Мајк Диксон, директор во компанијата Horizon Investments.

Заради тоа, индексот Nasdaq на почетокот на неделата потона во зона на корекција, повеќе од 10 проценти под своето рекордно ниво, постигнато во февруари.

Во четвртокот, и индексот S&P 500 влезе во зона на корекција, но благодарение на опоравувањето во петокот, успеа да излезе од таа зона.

И на европските берзи цените на акциите минатата недела паднаа, но значително помалку отколку на Вол Стрит. Лондонскиот индекс FTSE ослаби за 0,5 проценти, на 8.632 поени, додека франкфуртскиот индекс DAX падна за 0,1 проценти, на 22.986 поени, а парискиот CAC за 1,1 проценти, на 8.028 поени

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни