Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai е во центар на скандал бидејќи се соочува со правна постапка.
Експертот за дигитална безбедност, Елиот Инграм, остана вчудовиден кога надзорната камера инсталирана во неговиот дом снимила крадец со качулки како му го краде автомобилот Hyundai Ioniq 5 за помалку од 20 секунди, објави Гардијан.
Се верува дека крадецот користел уред, достапен на интернет, кој имитира електронски клуч од автомобилот. Тоа е последната во серијата кражби на возила, при што многу сопственици сега прибегнуваат кон заклучување на воланот.
Автомобилот на Инграм подоцна бил пронајден од полицијата, но тој го раскинал договорот и побарал отштета од компанијата поради, како што вели, скандал. Според него, јужнокорејскиот автомобилски гигант требало да ги предупреди клиентите за безбедносните пропусти.