Светската ѕвезда Бебе Реџа во Дебар, родниот град на нејзиниот татко

Фото: Инстаграм/beberexha

Популарната пејачка Бебе Реџа објави фотографии на социјалните мрежи и им кажа на своите фанови дека по 12 години повторно е во Дебар, каде што ги посетува корените на нејзиниот татко.

„По 12 години се вратив во родниот град на татко ми во Дебар, Македонија. Повторното поврзување со моите корени и семејството беше емотивно. Посета на гробот на дедо ми беше особено значајна, бидејќи не можев навреме да присуствувам на неговиот погреб додека бев на турнеја. Семејството ми значи се, а оваа посета ме потсети на важноста на нашите врски“ напиша Реџа на Инстаграм.

Бебе Реџа е родена во Бруклин, Њујорк во 1989 година како Блета Реџа, а нејзиното семејство потекнува од Македонија. Татко ѝ, Фламур Реџа е роден во Дебар и се преселил во САД кога имал 21 година. Нејзината мајка, Букурије е родена во САД во албанско семејство кое потекнува од Гостивар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни