Stone важи за артистка која силно го одбележа 21 век, поставувајќи нови стандарди во soul жанрот. Уште со својот прв албум „The Soul Sessions“ од 2003 година го привлече вниманието на светските критичари, освојувајќи ја престижната Mercury Prize и отворајќи пат кон понатамошните Brit и Grammy награди. Нејзиниот впечатлив глас и несомнен квалитет ѝ обезбедија статус на уметница која може да прави сè – од настапи на Glastonbury до клубски турнеи што го опфатија речиси целиот свет.
Во рамки на светската Total World Tour, Joss Stone веќе настапи во Скопје на клубски концерт, кој беше распродаден за неколку минути. Токму затоа, организаторите очекуваат огромен интерес и ова лето, кога пејачката се враќа со голема европска турнеја и спектакл на отворено каков што македонската публика сè уште нема видено.
Продажбата на влезниците започнува во четврток, 27 ноември, во 10 часот наутро, онлајн преку avalonbooking.mk и во мрежата на karti.com.mk. Цените се поставени во две категории – партер и фан пит – а очекувањата се дека интересот ќе биде огромен.
Организаторите порачуваат дека Скопје може да очекува вечера исполнета со врвен звук, енергија и оригинален soul дух – токму она по што Joss Stone е препознатлива ширум светот.
