Според проекциите, побарувачката за нафта, гас и јаглен ќе продолжи да расте до крајот на оваа деценија, потенцијално создавајќи вишок на фосилни горива, објави ИЕА во својот извештај за светските енергетски изгледи.
Во историјата на енергетиката бевме сведоци на ерата на јагленот и ерата на нафтата, изјави извршниот директор на организацијата Фатих Бирол.
Сега забрзано се движиме кон ерата на електричната енергија, која во иднина ќе го дефинира глобалниот енергетски систем базиран се повеќе на чисти извори, додаде турскиот економист и експерт за енергетика.
Во извештајот се наведува дека чистите извори влегуваат во енергетскиот систем со невидена брзина, при што минатата година беа додадени 560 гигавати енергија од обновливи извори.
Речиси два трилиони долари се инвестираат во чиста енергија секоја година, што е речиси двојно повеќе од понудата на фосилни горива, тврди агенцијата со седиште во Париз.
Со оглед на тоа што нуклеарната енергија е предмет на обновен интерес во многу земји, изворите со ниски емисии ќе генерираат повеќе од половина од електричната енергија во светот пред 2030 година, се вели во извештајот.
ИЕА предупредува дека употребата на такви извори е далеку од стандард во технологиите и земјите.
Извештајот беше објавен еден месец пред Азербејџан да биде домаќин на климатската конференција COP29 на Обединетите нации.
Извор: ХРТ